Пет работи кои може да ги исфрлите од спалната соба без размислување: Често се двоумиме, но воопшто не ни се од корист

popara14 јули, 20231min00
d7fe05df9ce74dbf62097de3e420c6a370a1577b

Нашите спални треба да бидат наши светилишта, но кога ќе станат неуредни, тие веќе не се места за одмор. Но, чистењето на спалната соба може да биде голем предизвик.

Сепак, овие пет работи можете да ги исфрлите од вашата спална соба без второ размислување.

Искинати чаршафи или ќебиња

Дали вашите чаршафи или ќебиња се искинати или извалкани? Фрлете ги и почестете се со нешто ново.

– Свеж комплет чаршафи може веднаш да ја осветли просторијата или да го направи спиењето многу поудобно. Старите чаршафи и ќебиња често може да се донираат за рециклирање текстил или за засолништа за животни за да добијат друга употреба – советува Џенифер Џарет, професионален организатор, пишува Real Simple.

Еден куп книги на вашата ноќна маса

Дали вашата ноќна маса изгледа неуредно? Според Џарет, наткасните имаат тенденција да станат место каде што ставаме сè што не знаеме точно каде да го ставиме.

– Книгите што се следни во редот за читање можат да седат таму со месеци. За да го избегнете ова, направете план. Обидете се да чувате не повеќе од две книги на масата покрај креветот истовремено, а остатокот ставете го на полицата за книги. Намалувањето на визуелниот неред ќе направи разлика.

Стари списанија

Без разлика дали се во вашиот плакар, на вашата ноќна маса или сместени во фиока, веројатно не ви требаат списанија стари со години.

Шминка и козметички производи со поминат рок

– Повеќето козметички производи имаат многу пократок рок на траење отколку што претпоставуваме, па ако знаете дека нешто е прилично старо – веројатно е одамна му поминал датумот на употреба – објаснува Џарет и додава:

– Старите козметички производи, особено оние кои не се на база на пудра, можат да станат почва за бактерии и да предизвикаат инфекции.

Стари чорапи

Пребарајте ја фиоката за чорапи. Се случува да биде преполна со чорапи кои повеќе не ги носиме поради нивната старост, а ни го заземаат и просторот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma