Малите неправилности, пори и флеки изгледаат застрашувачки ако природно имате многу светол тен, па не е чудно што грешките во шминкањето се сè почести.
Подолу се дадени неколку совети како да избегнете да правите грешки на дневна основа.
1. Внимавајте со коректорот
Посветлиот тон на кожа е вистински предизвик кога станува збор за изборот на совршената боја. Не само темните кругови, туку и сите оние фини неправилности во пределот под очите, како што се ситните вени и капилари, се највпечатливи токму на посветлата кожа. Секогаш претпочитајте да изберете коректор кој е или ист или за нијанса посветол од вашата кожа, а добар избор се жолтите подтонови кои можат да изгледаат поприродно и во исто време подобро да се вклопат со остатокот од вашата шминка.
2. Најголема претпазливост при изборот на пудра!
Покрај коректорот, пудрата е веројатно најчувствителната ставка во шминката на жените со посветол тен. Првата мисла е да посегнете по два или три тона потемна нијанса за да го постигнете тој исончан тен. Затоа, пред да купите пудра, проверете го вашиот подтон со проверка на бојата на вените на надлактицата. Зелените вени јасно укажуваат на топол подтон, додека сините вени укажуваат на ладен.
3. Не бегајте од бронзерот
Иако бронзерот не е многу популарен меѓу дамите со посветол тен, нашиот совет е дефинитивно да го вклучите во вашата рутина за шминкање. Ќе додаде топлина на вашиот изглед, а во исто време нема да изгледате исцрпено и уморно. Како и кај коректорот, бронзерот не смее да биде многу потемен од бојата на вашата кожа, а добар избор се секогаш светкавите варијанти како и сите нијанси на кајсија.
4. Изберете благи руменила
Целта на руменилото е да ни овозможи природен изглед во секој момент. Токму затоа никогаш не треба да почнете со логиката дека потемните нијанси на руменило се идеални за нагласување на јаготките или за постигнување поефективен изглед. Тоа е токму спротивното! Руменилата во розова, праска и корални нијанси се идеално решение за сите жени кои сакаат да постигнат моментална свежина.
5. Намалена шминка за очи
Посветлиот тен совршено ги поднесува сите нежни нијанси, па затоа е секогаш добро да се одлучите за розова варијанта, како и за посветли земјени тонови. Беж, светло-кафеава, корална боја – сето тоа се бои кои на вашите очи ќе им дадат совршен изглед во секое време. За вечерни прилики може да биде поефикасна опција, но во текот на денот е многу важно да не си дозволите да изгледате уморно. Маскарата секако е задолжителна, но и овде може да се одлучите за кафени варијанти.