Пет трикови кои можат да ви помогнат да го НЕУТРАЛИЗИРАТЕ МИРИСОТ НА ЧАДОТ ОД ЦИГАРИ ВО ВАШИОТ ДОМ: Без хемикалии и трошење многу пари

popara20 април, 20231min00
56eac14a070195606bf635362bd6d9fbfde6ca52

Ослободете се од мирисот на цигари на природен начин

Доколку сте непушач, мирисот на секоја запалена цигара во вашиот дом се чувствува со денови. Непријатниот мирис навлегува во гардеробата, косата, мебелот, ѕидовите, завесите, теписите. И никакво проветрување не помага, без разлика колку ги отварате прозорците. Сепак, постојат трикови кои ќе ви помогнат целосно или барем делумно да го отстраните мирисот на чад од тутун. Неколку намирници кои сигурно ги имате во вашата кујна добро ќе ви дојдат во борбата против непријатните мириси.

Оцет

Оцетот е одлична алатка која може да се користи за сè: од чистење на бањата до отстранување на бигорот од електричното ѓезве. Многу е ефикасен и за отстранување на чадот од тутунот. Штом ќе се задими, во сад ставете оцет, кој има моќ да го собере и ефикасно да го неутрализира чадот. Во него можете да додадете и неколку капки есенцијално масло од лаванда, портокал или лимон. Направете раствор од оцет и вода и со него избришете го тапацирот и теписите.

Јаболка

Верувале или не, јаболката одлично го апсорбира чадот од тутун. Треба да ги исечете на половина и да ги ставите во близина на пепелникот каде што има најмногу чад. Јаболката исто така ќе придонесат вашата соба да мириса убаво.

Кора од портокал и лимон

Уште една причина да не ги фрлате корите од портокали и лимони кои добро ќе ви дојдат при отстранување на чадот од тутунот. Ставете ги на радијаторот и околу нив ќе разлеат убав мирис. Можете да ги ставите во вода да се варат. Тенџерето ќе шири пријатен мирис низ целиот стан.

Сода бикарбона

Непријатниот чад од цигарите е најтешко да се отстрани од теписите и мебелот каде што луѓето постојано пушат. Но тука е чудесната сода бикарбона. Прво добро исчистете го тепихот и тапацираниот мебел, а потоа посипете ги со сода бикарбона и оставете да отстои преку ноќ. Наутро исчистете ја содата која го впила непријатниот мирис со правосмукалка. После тоа, можете да ги избришете со раствор од вода и оцет во сооднос 2:1.

Песок за мачки

Пред да ги извадите пепелниците пред гостите, во секоја ставете по малку мачкин песок кој има способност да апсорбира непријатни мириси, што барем донекаде ќе го намали мирисот на чадот од тутунот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma