Русата коса изгледа прекрасно, но најмногу бара кога е грижата во прашање…
Бидејќи оваа фарба е најсилна, најмногу ја оштетува косата. Меѓутоа, со соодветна грижа, русата коса може да биде совршено здрава и убава.
Многу жени со руса коса често се соочуваат со проблемот на сува и оштетена коса, но со следните пет совети вашата коса ќе биде обновена и ќе изгледа убаво, здраво и сјајно.
- Вистинскиот шампон
Најдобро би било да ја измиете косата со шампон специјално направен за руса коса. Освен што ќе ја освежи бојата со секое миење, на косата ќе и даде дополнителен сјај и мекост.
- Маска за коса
Користете маска за коса најмалку двапати неделно, домашна или купена во продавница. Изгледот на вашата коса ќе се промени по само една недела.
- Фарбање
Не претерувајте со фарбањето бидејќи, како што споменавме на почетокот на текстот, оваа фарба е најсилна и најмногу ја суши косата. Секој месец фарбајте го само израстокот, а на секои четири – целата коса.
- Регенератор кој не се плакне
Ако имате проблем со раздвоени врвови и неуредна коса на која и треба премногу чешлање, секојдневно прскајте регенератор што не се плакне или ставајте капки на врвовите.
- Сјај
Кога имате руса коса, природниот сјај едвај се забележува. Затоа постојат спрејови за сјај на косата. Едноставно прскајте ги после секое миење и проблемот е решен.