Кога немате идеја што да зготвите за повеќечлено семејство, печеното пилешко е најекономична и највкусна препорака… Уживајте!
Состојки:
пиле од околу 1,5 кг
2 главици кромид
2 моркови
половина мал корен од целер и 2 стапчиња целер
цела главица лук
маслиново масло
лимон
мешани свежи или сушени билки по ваш избор, како мајчина душица, рузмарин, ловоров лист
морска сол
бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 240 степени. Зеленчукот грубо исечкајте го, главицата лук разделете ја на чешниња и оставете ја неизлупена. Ставете го целиот зеленчук, лук и билки (половина од она што сте го подготвиле) во голема тава и додадете масло. Посипете го маслото и врз пилешкото и добро зачинете со морска сол и црн пипер, па втријте. Ставете го пилето врз зеленчукот. Внимателно избоцкајте го лимонот и вметнете го во внатрешноста на пилешкото заедно со билките. Ставете ја тавата во рерна, па веднаш намалете ја температурата на 200 степени и печете околу час и половина.
Пријатно!