Пејачката ги ШОКИРАШЕ сите присутни: Пет часа го бојадисувала телото, а потоа го прекрила со Сваровски кристали

popara24 јануари, 20231min00
44707_ap01-ap-vianney-le-caer_f

Вистинското име на Doja Cat е Амалија Дламини. Пејачката (27) го привлече вниманието со својата креација и го комплетираше смелиот изглед покривајќи го своето тело со 30.000 кристали Сваровски.

Доџа поминала пет часа на стол бојадисувајќи го телото во црвено, а потоа лепејќи кристали на него. Таа носеше сатенски црвен корсет и прекрасно здолниште. Пејачката го комплетираше својот изглед со дијамантски обетки и црвен шал.

Шминкерката Пет Мекграт изјави за Vogue: „Работата со неспоредливо талентираната Доџа беше апсолутно задоволство“.

„Нејзиното трпение и посветеност додека седеше со тимот четири часа и 58 минути за да ја постигне креацијата, покриена со преку 30.000 рачно нанесени кристали Сваровски, беа навистина инспиративни.“