Агнета Фалцког, пејачката на шведската група АББА, ја објави својата нова соло песна „Where Do We Go From Here?“.
„Светската премиера на песната „Where Do We Go From Here? на BBC Radio 2. Вклучете се во четврток на 31 август во 8:30 часот“, напиша Фалцког на Инстаграм за да ја промовира песната пред неколку дена.
Слушнете како звучи нејзиниот нов проект:
ABBA е основана во 1972 година, а во последните години нејзините членови повторно се обединија и одржаа неколку концерти.
Групата се здоби со светска популарност во 1974 година, кога победи на Евровизија со песната „Ватерло“.