За време на нејзиниот последен концерт во Лас Вегас, Адел ѝ признала на публиката дека боледува од многу тешка форма на ишијас, поради што наводно куцала на сцената, пишува Daily Mail.
Подоцна се пошегува дека поради болката била „приморана да ползи деновиве“. Имено, ишијасот предизвикува болка која се шири од долниот дел на грбот и се спушта по ногата низ горниот дел на ногата и задникот се до прстите.
Потсетуваме дека пејачката на концертот зборуваше и за менталното здравје. Таа откри дека повторно разговара со терапевт за прв пат по нејзиниот развод во 2019 година од поранешниот сопруг Сајмон Конецки.
„Повторно отидов на терапија бидејќи не одев неколку години. Морав да почнам. Претходно, кога поминував низ разводот, одев на пет терапии дневно. Но, престанав да преземам одговорност за моето однесување и работи што ги кажав“, признала таа.