Пејачката со албанско потекло ја удриле со телефон по глава: Завршила во болница на шиење

popara20 јуни, 20231min00
bebe-rexha-1-6447856-1687226558351

Пејачката со албанско потекло Бебе Реџа на концерт била удрена со телефон по лицето, по што морало веднаш да оди во болница на шиење.

Имено, некој од публиката и фрлил телефон за време на концерт во Њујорк.

Американската пејачка со албанско потекло настапувала во розев комбинезон и се упатила кон публиката, од каде одлетал мобилен телефон и ја удрил право во лицето.

Пејачката се тетеравела, се обидела да продолжи да пее, но потоа паднала на колена, па членовите на нејзиниот тим притрчале да и помогнат.

Таа била симната од бината и ѝ била укажана лекарска помош. Обожавателите на пејачката со албанско потекло го изразија својот гнев на социјалните мрежи, бидејќи концертот беше прекинат.

„Сите одлично се забавувавме, а потоа некој реши да и фрли нешто во глава. Кој би помислил на тоа?!“, „Не ја ни слушам оваа девојка, но кој би направил вакво нешто“, се само дел од коментарите..

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag