Според странските медиуми, славниот фудбалер Жерар Пике ја започнал врската со неговата сегашна девојка Клара Марти во 2021 година.
Случајно, еден од обожавателите на Шакира забележал дека Клара може да се види во позадина за време на состанокот што се одржал преку апликацијата Zoom. Тоа беше интервју за познати медиуми, кое фудбалерот го даде пред речиси две години.
На сите кои го следеа ова раскинување им е јасно дека сето тоа ѝ било многу тешко на Шакира, а тоа го потврдил и извор близок до пејачката за Page Six.
Ова не е чудно бидејќи ако е точна информацијата дека врската на Пике трае од 2021 година, тоа би значело дека тој ја изневерувал Шакира додека, според неа, сè уште функционирало нормално меѓу нив.
Изворот за американските медиуми изјавил дека Шакира била скршена откако сфатила дека жената престојувала во нејзиниот семеен дом, кој парот го делел со нивните деца, синовите Милан и Саша.
– За неа е поразително да знае дека аферата траела многу подолго отколку што мислела – тврди изворот на Page Six.
Да потсетиме, Пике и Шакира објавија дека се разделуваат во јуни минатата година, по 11 години заеднички живот. Двајцата живееле во Барселона осум години.
Пике продолжи понатаму многу брзо, додека пејачката беше многу погодена од разделбата со Пике. Двајцата беа на суд и за поделба на старателството на децата, но на крајот судот сепак пресуди и и дозволи на пејачката да ги држи децата под своја заштита, додека Пике ги гледа само во рокот предвиден со закон.