Продолжуваат провокациите меѓу Жерар Пике и Шакира. Откако колумбиската пејачка во својата песна го прозва поранешниот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, сега тој реши да ѝ се оддолжи.
Пике во програмата „Chup Chup Kings“ проговори за новостите во неговиот нов фудбалски проект, Kings League, но сето тоа падна во втор план откако реши индиректно да одговори на прозивките на поранешната партнерка.
Неколку минути по почетокот на преносот тој изјави дека Кингс лигата и Касио постигнале деловен договор, а новата соработка ја најави со гордо покажување на часовникот од споменатата марка на зглобот.
Таа вест немаше да биде значајна доколку не беше фактот дека соработката на Пике со компанијата за часовници е всушност одговор на Шакира.
Во четвртокот, Колумбијката објави песна во која, меѓу другото, има стихови насочени кон Пике, споредувајќи се со неговата нова девојка Клара Чиа Марти.
„Тоа е чекор помеѓу љубовта и омразата. Бејби, ти посакувам се најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но си замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио…“ .
los piqué ya no lloran, los piqué facturan pic.twitter.com/0GzkCpkH7l
— Jony Beltran (@JonyBeltran_) January 13, 2023
Во продолжение на програмата, Пике повторно се осврна на споменатите стихови, велејќи дека на натпреварите од Кингс лигата ќе доаѓа со Рено Твинго.
Потоа, за време на телефонскиот разговор со Хави Мартинез, со кого се обидуваше да се договори за можна официјална химна за неговиот нов натпревар, тој рече: „не нè прскајте“ (que no nos salpique), исто така шега на на сметка на 45-годишната Колумбијка, која во еден дел од својата песна вели „perdon, que te salpique“ и всушност го изговара името на нејзиниот поранешен партнер преку игра со зборови.
Откако Пике му ја упати таа реченица на Мартинез, поголемиот дел од публиката се насмеа, а некои дури и ги покриваа лицата од непријатност.