Потребно е:
200 гр пилешко бело месо
200 гр солени печени кикирики
200 гр кисела павлака
200 гр мајонез
200 гр сусам
Подготовка:
Пилешкото сварете го и исечете го на коцки. Потоа кикириките ставете ги во најлонска кеса, врзете ја и изматете ги со толчник за месо. Во сад се става сусамот и се пече на оган со постојано мешање додека не добие светложолта боја. Потоа измешајте павлака со мајонез. Во сад измешајте сечкано пилешко, кикиритки, сусам, мајонез, павлака и сол, по вкус. Кога ќе се излади, уште еднаш убаво измешајте ја салатата и послужете.