Малку пилешко филе, манго, црвен кромид и уште неколку состојки ќе бидат доволни за ова необично, но вкусно јадење.
Доколку не се плашите да откриете нови комбинации на вкусови, овој рецепт е вистинската работа за вас:
Состојки:
600 гр пилешко филе
две – три манга
голема главица црвен кромид
маслиново масло
сок од половина лимон
една лажица мед
сол, бибер
Подготовка:
Измешајте мед, маслиново масло и сок од лимон. Месото исечкајте го на коцки, зачинете со сол и бибер и премачкајте го со подготвената маринада. Оставете да отстои еден час во фрижидер. Месото, крупно исечканиот кромид и мангото наредете ги наизменично на раженчињата и печете ги на скара или во грил тава додека пилешкото да добие убава боја.
Пријатно!