ПИЛЕШКИ РОЛНИЧКИ СО СИРЕЊЕ И СПАНАЌ! Вкусен оброк на кој му нема рамен

popara22 јануари, 20231min00
656196_20-kuvar-rolnice-pilece_f

Ако сте гладни и не знаете што да зготвите, можете да направите овие пилешки ролнички со сирење.

Состојки:

четири шницли од пилешко бело месо

100 гр моцарела

100 гр спанаќ

главица кромид

две чешниња лук

пет лажици рендан пармезан

100 гр презла

60 гр путер

маслиново масло

сол, бибер

Подготовка:

На масло продинстајте го ситно сечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете лук и спанаќ. На крајот од динстањето зачинете со сол и бибер и оставете да се излади.

Измешајте ги моцарелата и пармезанот и со оваа смеса наполнете ги пилешките шницли.

Секоја од нив завиткајте ја, зацврстете со чепкалки за да не истече филот, па завиткајте во презла и наредете во огноотпорен сад. На секоја ролничка ставете парче путер. Печете околу половина час во рерна загреана на 180 степени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma