ПИЛЕШКО ВО КАРИ СО ЈОГУРТ! Брз ручек за целото семејство!

popara15 март, 20231min00
674496_kari_f

Основата на ова пилешко во кари, освен месото и фантастичните зачини, се грчкиот јогурт, кокосовото млеко и сокот од домати, а на вас останува да уживате!

Состојки:

пилешко филе

маслиново масло

мал кромид

црвена пиперка

2 чешниња лук

2-3 лажички кари

по половина лажичка коријандер и цимет

ловоров лист

малку рендан свеж ѓумбир

1-2 лажички кафеав шеќер

сол по вкус

50 мл сок од домати

150 мл грчки јогурт

160 мл кокосово млеко

половина лимон

малку бибер

Подготовка:

На маслиново масло пропржете го ситно сечканиот кромид. Додадете ситно сечкан лук, пиперката исечена на ленти, кари зачин, цимет, коријандер, ловоров лист, ѓумбир, шеќер и сол. Пржете две до три минути со постојано мешање, па додадете го пилешкото бело месо исечкано на парчиња, прелијте со јогуртот, сокот од домати и кокосовото млеко. Промешајте, намалете ја топлината и оставете да се крчка околу 25 минути. Кога пилешкото ќе биде готово, прелијте го со сок од половина лимон и зачинете со бибер. Варете уште неколку минути, па тргнете го од оган. Послужете со варен ориз.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag