Во комедијата со елементи на мистерија ќе можеме да ги гледаме познатата британска актерка Оливија Колман во улогата на конзервативната Едит Свон и Џеси Бакли во улогата на Роуз Гудинг, млада жена која директно кажува се што мисли, а поради нејзиниот сосема поинаков и тогаш неприфатлив карактер, е обвинета дека пишувала писма со кои ги навредува соседите. „Wicked Little Letters“ е филм чија приказна се заснова на вистински настан од 1920-тите во Сасекс, а го режираше Thea Sharrock.
Две сосетки – конзервативната Едит и ирскиот имигрант Роуз – се во фокусот на приказните околу навредливите писма полни со пцовки. Сите соседи почнуваат да добиваат анонимни писма за кои ја обвинуваат Роуз, чија егзистенција и старателство над нејзината малолетна ќерка се загрозени поради овие обвинувања. Иако нема конкретни докази, освен што сака да пцуе, таа е главната мета на полицијата која е убедена дека таа е виновникот. Сепак, полицаецот Гледис Мос е решена да го пронајде вистинскиот виновник и во договор со други жени тргнува да ја реши мистеријата.
Филмот имаше премиера на филмскиот фестивал во Торонто оваа година, а во кината ќе се појави во февруари следната година. Информациите за излегувањето на стриминг сервисите сè уште се чекаат.