Одличен предлог за појадок или вечера, но и како лесен ручек.
Состојки:
400 гр спанаќ (може и замрзнат)
1 кромид
1 праз
1 чешне лук
4 јајца
Пармезан по вкус
3-4 лажици презла
Подготовка:
Спанаќот сварете го и добро процедете го. Потоа во тавче пропржете го ситно сечканиот кромид и празот, а кон крајот кога ќе омекне додадете го ситно сечканиот лук. Во јајцата се става сол и бибер, па се матат и се додаваат сечканиот спанаќ и пржениот кромид. Сè измешајте, па додадете ги презлата и пармезанот, па повторно измешајте. Намачкајте ја тавата со масло и посипете ја со презла, па прелијте ја смесата со спанаќ. Израмнете и повторно посипете со презла. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 30-35 минути.