За ова одлично јадење ќе бидат доволни малку просо, црн грав, моркови и уште неколку состојки.
Ако мислевте дека плескавици се прават само од месо, се лажете. Овие се толку вкусни што сигурно ќе заборавите на месото:
Состојки:
шолја варен просо
шолја и пол конзервиран црн грав
среден морков
четвртина главица кромид
третина шолја овесни снегулки
малку мелен пипер и оригано
сол, бибер, масло
Подготовка:
Измешајте го свареното просо, исцедениот и малку испасиран грав, изренданиот морков и кромидот, овесните снегулки, солта, биберот, мелениот пипер и ориганото. Добро измешајте сè за да добиете еднолична смеса, а потоа формирајте плескавици со саканата големина. Во тавче на врело масло пржете четири до пет минути од секоја страна, за да добијат убава боја, па послужете ги додека се уште топли.
Пријатно!