Пливањето е добро за срцето, но и за помнењето

popara5 јули, 20231min00
723785_shutterstock-793317166_m

Пливањето има добар ефект врз кардиоваскуларниот систем и го штити мозокот од пропаѓање, тврдат научниците.

– Кога редовно пливате 30 до 45 минути, се борите со депресијата и стресот и на тој начин го подобрувате вашето расположение. – тврди Ај-Мин Ли, професор по медицина на Медицинскиот факултет на Харвард.

Секако можеме да го наречеме совршен спорт. Покрај тоа што ги активира речиси сите мускули во телото, пливањето го штити вашиот мозок од пропаѓање.

Пливањето е една од најдобрите аеробни активности кои го активираат целото тело – мускулите на нозете, рацете, грбот, стомачните… Со текот на времето телото станува флексибилно и силно.

Во водата нема нагли движења, а целото тело и секој мускул и се спротивставуваат на водата. Коските и лигаментите не трпат никакво оптоварување.

Затоа, пливањето е идеално за артикуларно-мускулниот систем. Ја зголемува подвижноста и еластичноста на зглобовите, а одлично е ако имате некаква болест или ако страдате од артритис.

Треба да знаете дека половина час од некоја аеробна активност во вода вреди 45 минути од истата активност на суво.

Истражувањата покажале и дека пливањето придонесува за густината на коските кај жените во периодот по менопаузата. Оваа спортска активност штити од остеопороза и други болести на коскениот систем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag