Повеќето ги користат секојдневно во негата: Пет работи кои можат да и наштетат на вашата КОЖА

popara3 март, 20231min00
krema-koza-lice

Обидете се да ги избегнете

Континуираниот развој на трендовите постојано не принудува да користиме нови производи за нега на лицето.

Постојано ни се нудат нови креми, масла, серуми и слично, кои според продавачите се наменети за здрав и убав изглед на кожата.

Но, ситуацијата е сосема спротивна во одреден број случаи, бидејќи некои препарати можат многу лошо да влијаат на нас.

  1. Препарати за чистење на кожата

Премногу силен и чест пилинг во никој случај не се препорачува. Користењето на различни четки и сунѓери може да ја направи вашата кожа почувствителна и поцрвена.

Со текот на времето, на оштетената кожа ќе се појават повеќе мозолчиња, како реакција на надворешната нечистотија. Ролерите од жад исто така можат да бидат штетни и да предизвикаат осип. Наместо тоа, се препорачуваат масажи на лице или пилинг направени од природни материи.

  1. Витамин Е

Иако витаминот Е обезбедува добра заштита од УВ зрачење, неговата прекумерна употреба не се препорачува за луѓе со проблематична мрсна кожа или акни. Употребата на препарати со овој витамин ќе ви ги затне порите, што може да доведе до појава на нови воспалителни процеси на кожата. Подобро е да се надополни недостатокот на витамин Е во кожата преку исхраната.

  1. Ниацинамид

Витаминот Б3 или ниацинамид е докажано корисен за нашата кожа, а неговите придобивки се добро познати.

Сепак, секогаш кога користите производи кои содржат витамин Б3, треба да внимавате на неговата количина, односно концентрацијата во самиот препарат, бидејќи премногу од овој витамин во производот може да предизвика чешање и црвенило на кожата.

  1. Етерични масла

Се препорачуваат различни масла како замена за кремите. Доколку, пак, имате сува и оштетена кожа, овие масла можат да ви направат само дополнителни проблеми, бидејќи кожата дополнително ќе се иритира и зацрвени.

  1. Козметика за интимна хигиена

Истражувањата покажаа дека повеќето од овие производи содржат супстанции кои можат да влијаат на развојот на габични инфекции во интимните региони.

Исто така, разни марамчиња и дезодоранси наменети за овие делови од телото содржат хемикалии кои никогаш не треба да се користат на толку чувствителна регија, во спротивно иритацијата е неизбежна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma