Повеќето луѓе погрешно го чуваат кромидот: Еве покрај која намирница никако не смеете да го ставате

popara18 август, 20231min00
2235bef7273df9e41046e0941ea2632172876b60

Колку пати ви се случило при подготовката на оброкот да го отворите фрижидерот или шпајзот и да откриете дека храната што сте ја купиле пред само неколку дена веќе почнала да се расипува? Ова е голем проблем со свежото овошје и зеленчук, но има чекори што можете да ги преземете за да ги одржувате вашите производи посвежи подолго време – со помош на соодветно складирање, пишува Mirror.

И едно нешто што многумина од нас не го чуваат правилно е кромидот. Експертите за храна тврдат дека кромидот треба да се чува на ладно, темно и суво место за да остане свеж подолго време, а има дури и одредени зеленчуци кои никогаш не треба да ги имате до нив, бидејќи може да поттикнат уште побрзо расипување.

Влагата и светлината се работи кои кромидот не може да ги толерира, бидејќи доведуваат до мувла и ртење, па затоа треба да се чуваат во сува, добро проветрена корпа, кофа или голем сад. Треба да ги држите подалеку од сончева светлина, но не треба да ги чувате и на ниски температури, па најдобро е да ги ставите во темен ормар.

И, никогаш не треба да чувате кромид со компири. Готвачката Сара Џампел објасни:

„Ги чувам моите во шкаф со сите мои садови за печење, но во иднина сакам да купам гајби и да ги носам во гаража или подрум. Исто така, сакате да бидете сигурни дека тие се одвоени од компирите – кои имаат тенденција да го расипуваат кромидот ако се чуваат заедно“.

Ако кромидот што го купувате доаѓа во пластична кеса, треба да ја фрлите веднаш штом ќе се вратите дома од супермаркет бидејќи пластиката може брзо да го расипе кромидот поради недостаток на циркулација на воздухот и зголемена влажност. Можете исто така да чувате кромид во хартиена или мрежеста кеса, бидејќи и двете ќе овозможат подобар проток на воздух и ќе помогнат да се одржи ниско ниво на влажност. Ако се чува на вистинска температура и под соодветни услови, кромидот може да трае долго. Кромидот складиран помеѓу -1⁰C и 10⁰C може да биде добар до една година. На повисоки температури ќе трае неколку недели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag