ПОВЕЌЕТО ЛУЃЕ ПОГРЕШНО СТАВААТ ДЕЗОДОРАНС! Дерматолог открива: Антиперспирантот е многу подобар – помалку се ПОТИМЕ

popara25 јули, 20231min00
dezodorans

Дали знаете кога е најдобро време да нанесете дезодоранс?

Поради високите температури и влажноста на воздухот многу повеќе се потиме. Потоа прибегнуваме кон дезодоранси за да ги елиминираме непријатните мириси, меѓутоа, д-р Шари Липнер истакнува дека повеќето неправилно ги користат. Најчесто луѓето ги нанесуваат наутро, пред да одат на работа или пред да започнат со своите обврски.

Сепак, тоа не е точно! Од здравствени причини треба да го нанесуваме дезодорансот навечер.

„Ноќе се потиме помалку, па антиперспирантот може да дојде во поблизок контакт со потните жлезди и да го намали потењето“, вели д-р Липнер.

Но, неопходно е да се користи антиперспирант (ролон), а не традиционален дезодоранс, бидејќи првиот спречува потење и мирис, додека вториот само ги блокира непријатните мириси. Антиперспирантите делуваат така што создаваат затка близу до врвот на потните жлезди, ограничувајќи ја количината на пот што избива на површината на нашата кожа. Навечер, а особено после туширање, антиперспирантот има повеќе време да ги зацврсти чеповите и да спречи потење.

Д-р Липнер додаде и дека нема да треба да нанесувате антиперспирант наутро ако го следите овој метод. Една студија покажа дека антиперспирантот може да го намали потењето до еден ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma