Бројни истражувања покажуваат дека жените претпочитаат да испраќаат СМС пораки и тоа го прават многу почесто, додека на мажите им е најлесно да се јават на телефон.
Многу претставнички на понежниот пол се лути на своите партнери затоа што не можат да разберат зошто им е толку тешко да разменуваат „слатки“ пораки, срца и насмевки, а посилниот пол не разбира зошто нивните партнерки уживаат во тоа.
Сепак, технологијата стана важен дел од флертувањето во последните децении, па оние кои не знаат како да ги искористат нејзините предности може да имаат потешкотии да најдат сродна душа, а во секој случај, ќе бидат загрозени од конкурентите кои знаат вешто да ги користат телефонот и компјутерот во играта на заведување.
Повеќето мажи признаваат дека пишувањето пораки до жените ги збунува, дека се плашат дека пораките ќе бидат погрешно протолкувани и дека се здодевни, напорно и одземаат многу време, што е потврдено со најновото британско истражување.
Третина од мажите веруваат дека и оставаат подобар впечаток на жената кога зборуваат со неа лице в лице или на телефон, наместо преку СМС пораки, во кои можат да им ги фатат дури и малите правописни грешки. Петтина од испитаниците во истражувањето признале дека многу двосмислени пораки ги фрустрираат, па не се сигурни дали е време да „преземат акција“, бидејќи често излегува дека жените се повлекуваат ако им се чини дека сè оди пребрзо меѓу нив.