Повеќе ви ШТЕТАТ отколку што ви помагаат! Осум работи кои можат да бидат многу лоши за вашата КОЖА

popara21 јануари, 20231min00
lice-koza

Ги користите секој ден, а не сте свесни колку можат да ви наштетат

Континуираниот развој на трендовите постојано не принудува да користиме нови производи за нега на лицето.

Постојано ни се нудат нови креми, масла, серуми и слично, кои според продавачите се наменети за здрав и убав изглед на кожата.

Но, ситуацијата е сосема спротивна во одреден број случаи, бидејќи некои препарати можат многу лошо да влијаат на нас.

  1. Предмети за чистење на кожата

Премногу силен и чест пилинг во никој случај не се препорачува. Користењето на различни четки и сунѓери може да ја направи вашата кожа почувствителна и поцрвена.

Со текот на времето, на оштетената кожа ќе се појават повеќе мозолчиња, како реакција на надворешната нечистотија. Ролерите од жад исто така можат да бидат штетни и да предизвикаат осип. Наместо тоа, се препорачуваат масажи на лицето или пилинг направени од природни материи.

  1. Витамин Е

Иако витаминот Е обезбедува добра заштита од УВ зрачење, неговата прекумерна употреба не се препорачува за луѓе со проблематична мрсна кожа или акни. Употребата на препарати со овој витамин ќе ви ги затне порите, што може да доведе до појава на нови воспалителни процеси на кожата. Подобро е да се надополни недостатокот на витамин Е во кожата преку исхрана.

  1. Маски за лице од ткаенина

Штетни можат да бидат и маските за лице кои се натопени во разни серуми, поради високиот процент на синтетика во нив, која ја ставате директно на кожата. Синтетичките честички остануваат на вашата кожа, што воопшто не е здраво. Овие честички можат да влезат во вашите пори и да предизвикаат воспаление.

  1. Серуми за веѓи

Иритацијата на очните капаци е многу чест несакан ефект при користење на овие препарати, па затоа се препорачува повнимателна употреба.

  1. Мист за лице

Во топлите летни денови, попожелно е да се мие лицето со ладна вода отколку да се користи ова миризливо средство за ладење. Голем број хемикалии кои се наоѓаат во овие препарати може да предизвикаат чувство на печење на кожата по краткото ладење. Дехидрацијата на кожата не е невообичаена.

  1. Ниацинамид

Витаминот Б3 или ниацинамид е докажано корисен за нашата кожа, а неговите придобивки се добро познати.

Сепак, секогаш кога користите производи кои содржат витамин Б3, треба да внимавате на неговата количина, односно концентрацијата во самиот препарат, бидејќи премногу од овој витамин во производот може да предизвика чешање и црвенило на кожата.

  1. Етерични масла

Се препорачуваат различни масла како замена за кремите. Доколку, пак, имате сува и оштетена кожа, овие масла можат да ви направат само дополнителни проблеми, бидејќи кожата дополнително ќе се иритира и зацрвени.

  1. Козметика за интимна хигиена

Истражувањата покажаа дека повеќето од овие производи содржат супстанции кои можат да влијаат на развојот на габични инфекции во интимните региони.

Исто така, разни марамчиња и дезодоранси наменети за овие делови од телото содржат хемикалии кои никогаш не треба да се користат на толку чувствителна регија, во спротивно иритацијата е неизбежна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma