Повеќе нема да се мачите ниту секунда: Пробајте го овој генијален трик за лупење лук (ВИДЕО)

popara4 март, 20231min00
Fresh,Organic,Garlic,On,White,Table,,Closeup

Толку е едноставно

Кој може да одолее на топол леб со лук? Сепак, постојаниот мирис што се задржува на кожата со денови е доволен понекогаш целосно да се избегне готвењето со оваа состојка. За среќа, откривме беспрекорен начин за лупење лук за кој се потребни само микробранова печка и 10 секунди.

Овој генијален трик не бара употреба на остри и потенцијално опасни предмети, само микробранова печка. Во неодамнешното тикток видео на @newdawnfields, одгледувач на лук од северен Мичиген открива дека најдобриот начин да се лупи лукот е претходно да се загрее.

За демонстрација искористи сорта на лук која е позната по тоа што е потешка за лупење од другите видови. Потоа едноставно го става зеленчукот во микробранова печка на 10 до 20 секунди, а потоа го остава да се излади неколку секунди. (За оние кои го немаат овој уред дома, истиот ефект може да го постигнат во рерна на 120°C околу пет минути.) За миг лукот сам се лупи.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Навистина е толку едноставно. Најдобро од сè, овој трик го отстранува дури и заштитниот филм која вообичаено е невозможно да се отстрани без да се забоде ноктот во месото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma