Милијардерката Кајли Џенер за прв пат на Инстаграм објави фотографии од синот што го доби со раперот Тревис Скот и го откри неговото ново име…
„Aire“, напиша таа на фотографиите, кои досега собраа повеќе од 20 милиони лајкови. Момчето е родено во март минатата година, а претпоставуваме дека неговото име се изговара Ајри („воздух“ на шпански) или Ер.
Кајли претходно во една од епизодите на реалното шоу Кардашијан изјави дека нејзиниот син се вика Волфи, но потоа откри дека повеќе не и се допаѓа тоа име.
– Моравме брзо да се потпишеме на крштеницата, а штом ја потпишав знаев дека најверојатно ќе му го сменам името. Едноставно не му одговара – рече таа.
Неодамна беше објавено дека Кајли и Тревис Скот решиле повторно да ја прекинат врската.
-Празниците требаше да ги поминат заедно, но таа реши да оди во Аспен за да биде со семејството и пријателите. Ќе останат пријатели и ќе продолжат да ги одгледуваат децата заедно – открил изворот за американските медиуми.
Заедно ја имаат и четиригодишната ќерка Сторми.