„Повеќе сакам да живеам во самотија “: Лејди Гага искрено за животните навики, многумина би се изненадиле

popara3 март, 20231min00
b9a6d44a91ec8d7c66e2f4ad078cba1de3c5f8a6

И покрај тоа што е една од најпознатите луѓе на планетата, Лејди Гага има тесен круг на луѓе со кои се дружи.

Тринаесеткратната добитничка на Греми признава дека сака да биде сама и дека многу ужива во сопственото друштво.

– Повеќе сакам да живеам во самотија. Навистина е убаво да имате време да бидете сами и да знаете дека сте доволни. Посакувам тоа да и го кажам на помладата јас. Кога бев помлада, поминував многу време сама, пишувајќи музика. Но, колку што бев поуспешна, толку повеќе чувствував дека ми требаат други луѓе да ми кажат дека сум одлична – изјави Гага за списанието „Wallpaper“.

Лејди Гага се обидува да живее „обичен“ живот кога не е окупирана со деловните обврски:

– Не поминувам многу време во Холивуд. Можеби изгледам како што изгледам затоа што понекогаш се случува сезона на награди и ме гледате на црвените теписи. Но, работам дома, тоа е она што навистина ме прави среќна – изјавила пејачката за магазинот.

Да се потсетиме, Гага во наредниот период ќе ја гледаме во уште еден филм, филмот „Џокер“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma