Повторно заедно? Лејди Гага фатена како се држи за рака со поранешното момче

popara24 октомври, 20234min00
o_30956779_1280

По краткото појавување на „Saturday Night Live“, пејачката и актерка Лејди Гага беше видена како се држи за рака со нејзиното момче Мајкл Полански додека ја напуштаа афтер забавата со остатокот од актерската екипа. Гага носеше кожна јакна со бели реси, црни панталони и потпетици на многу висока платформа со патент. Косата и беше залижана во тесна пунџа, а својот изглед го комплетираше со црни очила за сонце и темен кармин. Пејачката на ушите имаше неколку пара сребрени обетки, а носеше и мала црна чанта од модниот бренд Селин. Нејзиното момче Мајкл носеше темно кафеава јакна над црна маица, црни фармерки и пар сини патики. Додека поминувале покрај камерата, парот се држел за раце, а Мајкл ја задржал насмевката на лицето.

image

Музичарката и технолошкиот магнат првично се разделија на почетокот на оваа година по тригодишна врска, но останаа во пријателски односи. Двојката првпат се поврза романтично околу 2019 година, а врската ја потврди во 2020 година на Инстаграм, каде на фотографија се гледа како парот се гушка на јахта во Мајами. Во тоа време, сведоци признаа дека парот разменил многу нежности, покрај тоа што додека Гага настапувала на Супер Боул, додека Полански бил виден во ВИП делот со нејзината мајка Синтија Германота.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Минатиот месец се шпекулираше дека ѝ дале на љубовта втора шанса откако беа забележани заедно за прв пат по повеќе од една година. Причината за нивното раскинување наводно било тоа што Гага била подготвена за брак и деца, додека 45-годишниот режисер не.

Полански и Гага имаа многу јавни појавувања за време на нивната врска – на Супер Боул, БАФТА и Critics Choice Awards. Некои обожаватели веруваат дека ова јавно појавување е знак дека меѓу нив повторно се разгорела романсата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag