Disney објави нов тизер за својот римејк во живо на „The Little Mermaid“, култниот анимиран филм од 1989 година. Филмот, во режија на режисерот од Чикаго, Роб Маршал, ја оживува оригиналната приказна за Ариел, сирена жедна за авантура која е желна да дознае повеќе за светот над морето иако тоа ѝ е строго забрането.
Покрај Хали Бејли која ја олицетворува Ариел, во краткиот трејлер се појавува и Мелиса Мекарти како злобната морска вештерка Урсула, како и Џона Хауер-Кинг како земниот принц Ерик во кој сирената се вљубува. Исто така, во видеото од 30 секунди, обожавателите на Дизни можеа да ги видат одличните вокални способности на главната актерка.
Таткото на Ариел, морскиот крал Тритон, во филмот го игра оскаровецот Хавиер Бардем, додека гласот на нејзиниот верен придружник Себастијан го носи добитникот на наградата Тони Дејвид Дигс. Адаптацијата на „Малата сирена“ доаѓа во кината на 26 мај.