Следната година, поточно на 14 февруари 2024 година, светот ќе има можност да гледа филм за Боб Марли наречен „Bob Marley: One Love“. Објавен е и нов трејлер, а во улогата на легендарниот музичар се појави Кингсли Бен-Адир.
Филмот „Bob Marley: One Love“ го слави животот и музиката на Боб Марли, кој инспирираше генерации преку своите пораки за љубов и единство. На големото платно публиката за прв пат ќе може да ја открие моќната приказна на музичката легенда.
Кингсли Бен-Адир го игра Боб Марли, а Лашана Линч ја игра сопругата на кралот на реге, Рита.
Погледнете го трејлерот: