Објавени се фотографии од снимањето
Шестата сезона на серијата „Круната“ веќе се снима, а во јавноста се појавија првите кадри со Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Кралската двојка во оваа реализација ја играат Мег Белами и Ед Меквеј.
Актерите ги толкуваат Кејт и Вилијам од студентските денови на Универзитетот Сент Ендрјус, каде парот се запознал во 2001 година, пишува „Index.hr“.
Како што можете да видите, Кејт поминува покрај Вилијам кој ја гледа. Гласините велат дека кралската двојка ќе биде во фокусот на оваа серија на Нетфликс.
“Кога ја запознав Кејт за прв пат, веднаш знаев дека има нешто посебно во неа. Тогаш сакав да истражам што е тоа, но тогаш само се спријателивме. Сепак, тоа беше добра основа за нашата врска. Верувам дека огромна предност во нашата врска е тоа што прво бевме пријатели“, рече Вилијам во интервју за „ITV“ во 2010 година.
Што се однесува до останатите актери, составот е ист. Имелда Стаунтон ќе ја игра кралицата Елизабета, Џонатан Прајс ќе го игра принцот Филип, Елизабет Дебицки ќе ја игра принцезата Дијана, Доминик Вест ќе го игра принцот Чарлс, Оливија Вилијамс ќе ја игра Камила Паркер-Боулс, а Лесли Менвил ќе ја игра принцезата Маргарет.