Актерката никогаш досега не објавувала вакви фотографии
Шерон Стоун неодамна наполни 65 години, но тоа не ја спречува да ги следи трендовите на социјалните мрежи.
Актерката, позната по својата сексипилност, изгледа реши да покаже дека и во седмата деценија не заостанува зад многу помладите дами кои споделуваат свои слики во костими за капење.
Таа донекаде ги изненади следбениците на Инстаграм со објавување на селфи, кое го направи во огледало во провокативна поза, облечена само во бикини со зелен тигрест дезен. Таа секако се уште е во одлична форма…
– Подготвена за лето, напиша таа со објавата.
Многу следбеници и дадоа бројни комплименти, а една од нив беше нејзината колешка Мишел Фајфер. Но, има и такви кои сметаа дека ваквото разголено позирање во тие години јавно било непримерно:
– Ја сакам Шерон, но ова е „не“ за мене. Тоа е мое мислење, напиша некој.
Како ви се лини овој пост?