Многумина едвај чекаат!
Мемоарите на поп принцезата Бритни Спирс (41) ќе бидат објавени наесен, открива „Page Six“. Ќе ги опфатат најранливите моменти од нејзиниот живот, од нејзиното детство како обична девојка со големи соништа, раскинувањето со познатиот пејач Џастин Тимберлејк и долгогодишната битка за старателство со нејзините родители.
Тоа е приказна за преживување, од старателството кое целосно ја парализираше до среќата со нејзиниот сопруг Сем Ашгари, вели изворот.
Бритни соработуваше на книгата со истакнатиот писател и новинар Сем Ленски, а американската издавачка куќа „Simo & Schuster“ е воодушевена од мемоарите, кои во моментов се подложени на финални ревизии пред објавување.
Нејзиниот адвокат Метју Розенгарт и американската агенција „Creative Artists Agency“ склучија значаен договор од 15 милиони долари, што е еден од највисоките во историјата по издавачките договори на Барак и Мишел Обама.
Самата пејачка еднаш зборуваше за пишување на книгата на социјалните мрежи.
Вљубена сум во животот што си го изградив за себе после се што направив за да се ослободам од мојот татко кој ме контролираше и злоставуваше цели 13 години. Воопшто немам семејство кое ме цени и почитува. Тоа ми е најтешкиот дел бидејќи колку и да ги сакам, тоа е нешто што веројатно никогаш нема да го преболам. Напишав три различни верзии на мојата книга, што беше терапевтско искуство за мене – објави Бритни на Инстаграм.
На 1-ви февруари 2008 година, Бритни беше насилно ставена под надзор со одлука на судија. Нејзиниот татко Џејмс Спирс и неговиот адвокат Андреј М. Валет оттогаш носеа деловни и лични одлуки во нејзино име. Самата пејачка во неколку наврати призна дека немала пристап до своите пари, не смеела да пие кафе, а била под надзор дури и кога се туширала. Старателството траеше до ноември 2021 година.