ПОДГОТВЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО ПИЛЕШКО! Професионалците го откриваат овој мал трик

popara6 март, 20231min00
629614_pexels-jeshoots-3688-1_f

Обидете се да го подготвите белото месо на следниот начин врз основа на промената на температурата која, велат професионалците, гарантира дека пилешкото ќе биде сочно.

Белото пилешко месо може да се пржи во тава, на скара, да се вари, а вистинските гурмани често го избегнуваат затоа што сметаат дека е безвкусно. Нутриционистите сепак го препорачуваат бидејќи не е масно.

Најпрво притиснете го стекот со дно на тегла или чаша за да има иста дебелина на сите краеви. Лесно зачинете со сол и бибер, загрејте ја тавата на малку посилна од средната температура, но не на висока. Додадете путер или маслиново масло, намалете ја топлината на средна, ставете ги шницлите и пржете по една минута од секоја страна.

Потоа намалете ја температурата, покријте ја тавата и пржете 10 минути на ниска температура. Во оваа фаза, важно е да се спротивставите на нагонот да проверите како се готви, затоа не отстранувајте го капакот. Кога ќе поминат десет минути, тргнете го пилешкото од шпоретот и оставете го да отстои уште 10 минути во покриената тава. Дури тогаш можете да го отстраните капакот и да уживате во сочното пилешко.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma