Вкусно и здраво
Никогаш доволно добри идеи за појадок, а овој пат сме инспирирани од најкласичниот појадок: јајца,
Состојки:
6 јајца, 0,5 дл млеко, 170 гр спанаќ, прстофат сол, прстофат бибер, 1 црвена пиперка, 50 грама чедар сирење
Подготовка:
Јајцата и млекото убаво изматете ги, додајте зачини, а потоа додајте го ситно сечканиот спанаќ, пиперката исечкана на коцки и чедарот.
Калапот за мафини премачкајте го со масло или путер и истурете ја смесата.
Загрејте ја рерната на 190 степени и печете ги солените мафини 20 до 25 минути.
Пријатно!