Шолја бадеми, вода и малку мед или урми ќе бидат доволни за да направите свое бадемово млеко.
Доколку не сакате или поради здравствени причини не можете да користите кравјо млеко, одлична алтернатива е бадемовото млеко.
Дури и да го направите сами, нема сомнеж дека ќе добиете уште повкусна и поздрава верзија во споредба со верзијата купена во продавница.
Состојки:
1 шолја бадеми
4-5 шолји вода
1-2 лажици мед или неколку урми
Подготовка:
Нелупените бадеми потопете ги во вода и оставете ги да отстојат 12 часа. Потоа исцедете ги, ставете ги во блендер и истурете 4 или 5 шолји вода (во зависност од тоа дали сакате погусто или поретко млеко), а потоа блендирајте ја смесата минута-две. Додадете мед или излупени урми и блендирајте уште една минута. После тоа, потребно е смесата да се процеди низ густа цедалка или памучна газа.
Добиеното млеко истурете го во стаклен сад и ставете го во фрижидер, вели нутриционистката Ивана Мишиќ.