Подолги трепки за само неколку секунди: Со маскарата нанесете го и овој производ

popara25 февруари, 20231min00
cc5248201bb925233ef52db2540b859a26954fa4

Сите жени сакаат убави трепки

Густите и долги трепки се една од ставките за убавина кои ги посакуваат речиси сите жени, а во желбата да имаме попредизвикувачки поглед, често прибегнуваме кон употреба на вештачки трепки, екстензии, како и различни третмани за нивно виткање.

Меѓутоа, со овој едноставен трик нема да имате потреба да посетувате козметички салони, ниту да фрлате големи суми пари за купување на вештачки трепки, кои згора на тоа, не се лесни за лепење.

Експертите за убавина советуваат да користите само уште еден производ со маскарата кој визуелно ќе ги издолжи вашите трепки и нема да ги уништи – бебешка пудра.

Нанесете еден слој маскара, а потоа ставете бебешка пудра на стапче за уши и премачкајте ги трепките. На крајот, додадете уште еден слој маскара за да ги покриете сите траги од пудра.

При шминкањето на очите, повеќето дами посегнуваат и по молив за очи, а уште еден трик, како што советуваат шминкерите, може да направи вашите очи повеќе да се истакнат.

Без разлика дали имате кафени, сини или зелени очи, обидете се да користите темно виолетов наместо црн или кафеав молив за очи, за кој велат дека ќе направи голема разлика кога станува збор за истакнување на очите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma