Американската поп-ѕвезда Пинк ги изненади своите обожаватели со новите фотографии кои ги објави на нејзиниот Инстаграм профил.
Имено, таа во моментов е на одмор со своето семејство, а по фотографиите може да се забележи дека навистина ужива. Популарната пејачка направила „селфи“ во необичен костим за капење, а на една од фотографиите позира целосно гола.
„Викенд на езеро и нов урнебесен костим за капење. Ако не сте се капеле на отворено додека вашиот сопруг се обидува да ве уплаши, не сте живееле!“, таа напишала под нив.
Пејачката чие вистинско име е Алесија Бет Мур, очигледно нема комплекси поврзани со нејзиниот изглед, па честопати може да ја видиме како позира со малку облека на неа.
Таа со години се занимава со спорт и сурфање, а тоа може да се забележи од нејзината совршена фигура, која уште од почетокот на кариерата речиси не е променета.