Познатата актерка во шестата деценија позираше во костим за капење: Фановите велат дека не се сменила од 1999 година (ФОТО)

popara11 јуни, 20231min00
Screenshot_3

Познатата актерка Хедер Греам привлекува внимание со својот изглед и во шестата деценија.

 

 

Имено, Греам вчера на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои позира во костим за капење на плажа, покажувајќи како изгледа на 54 години.

 

Во серијата фотографии што ги сподели на Инстаграм таа носи бел дводелен костим за капење, а на некои фотографии позира и во син фустан на плажа.

 

ФОТОГРАФИИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.

 

Оваа актерка изгледа речиси исто како во 1990-тите кога глумеше во филмската франшиза на Остин Пауерс, што нејзините обожаватели го забележаа.

 

„Толку жешко. Заборавете дека таа има 53 години, што е неверојатно“, „Дали си вистинска“, „Изгледаш магично“, „Не старее“, „Изгледа прекрасно“, „Сè уште е моја љубов од детството“, „Божица“ „Кралица“, „Не си променета од улогата во 1999 година“, беа само дел од коментарите.

 

Потсетуваме, покрај филмовите за Остин Пауерс, Хедер Греам глумеше во филмовите „”Hangover”, „Killing me softly”, „Scream”, „Boogie Nights”, „License to drive”, „On a Wing and a Prayer” и многу други.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma