ПОЗНАТАТА ОСКАРОВКА ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ, СЕ ПРЕТВОРИ ВО ДЕМИ МУР Натали важеше за една од најубавите жени во Холивуд, а сега си го промени личниот опис (ФОТО)

popara27 април, 20231min00
Screenshot_7

Актерката Натали Портман е препознатлива по својата фина, ненаметлива, природна убавина но и женственоста, но како и многу актерки и таа не одолеа на естетските операции. Имено, во една пригода неодамна таа се појави со буквално „ново“ лице.

 

 

 

Медиумите пренесуваат дека Натали направила корекција на носот и ги наполнила јаболчниците со хијалуронска киселина. Интересно е што оваа актерка своевремено беше на осмото место на светската листа на познати жени со најсовршено лице. Сепак, ова големо признание како да не и беше доволно, таа не беше задоволна во сопствената кожа.

Реакциите на публиката на социјалните мрежи за променетиот изглед на Портман беа доста бурни.  А меѓу нив се најдоа и големите критичари.

 

– „Имаше толку уникатна убавина, не ми се верува дека се стана како и сите други“, „Толку убаво, софистицирано лице и да си го направи ова “, „Што му направи на своето лице“, „Таа има сосема ново лице“, „Изгледа како Деми Мур“, „Немаше да знам за кого се работи, да не напишеше“, се дел од многуте коментари.

 

Да потсетиме, ѕвездата на филмот „Црниот лебед“ од 2012 година е во брак со францускиот кореограф Бенџамин Милпие, со кого се запознала на снимањето на споменатата продукција, а двојката има две деца – синот Алеф и ќерката Амалија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma