Младиот актер Ангус Клауд беше пронајден мртов пред два месеци во својот дом во Калифорнија, а според првичните информации, еден од јунаците на серијата „Еуфорија“ извршил самоубиство.
Сега конечно се објавени резултатите од токсиколошките анализи кои откриваат дека Ангус починал од акутна интоксикација, по случајно предозирање.
Актерот во крвта имал кокаин, метамфетамин и бензодиазепини, лекови за депресија кои често се користат и за лекување на анксиозни нарушувања.
Ангус глумеше во серијата „Еуфорија“, во филмовите „The Lin“, „North Hollywood“, а исто така се појави и во музички спотови на различни уметници.