Познатиот актерски пар не планира да им го остави БОГАТСТВОТО на своите деца: Еве на кого ќе поделат 275 милиони долари по смртта

popara2 април, 20231min00
30bfe63e0d9c977aebd9d5224259bd76bab05fda

Ештон Качер и Мила Кунис секогаш кога ќе спомнат детали од нивниот приватен живот поврзани со децата, создаваат вистинска мешаница. Претходно ја шокираа јавноста со изјави за тоа колку често ги бањаат своите деца, а сега повторно ги полнат насловните страници со своите планови за иднината.
Како што пренесуваат странските медиуми, овој пар решил по смртта да не им ги остава сите пари на наследниците.

– Ќе завршиме со давање на нашите пари на добротворна организација и разни работи, рече во оваа прилика Ештон и додаде – моите деца живеат навистина привилегиран живот без воопшто да знаат. И никогаш нема да го дознаат тоа, бидејќи тоа е единствениот живот што го знаат.

Како резултат на нивната загриженост дека нивните деца се премногу привилегирани, благодарение на славата на нивните родители, парот одлучил нивните деца да се грижат за себе подоцна во животот. Сепак, двајцата не планираат целосно да ги „отсечат“ своите деца.

– Ако моите деца сакаат да започнат бизнис, а имаат добар бизнис план, ќе инвестираме во него. Но, тие не го добиваат фондот, потенцира Кучер.

Со оглед на нивната заедничка нето вредност од 275 милиони долари, може слободно да се каже дека во која добротворна организација и да изберат да донираат во иднина, некој ќе биде многу благодарен за тоа.

Мила и Ештон имаат две деца, ќерката Вајат (8) и синот Димитри (6).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma