Актерот Стивен Фрај падна од сцената во О2 арената, Лондон, кога почна да излегува по говорот на Фестивалот за вештачка интелигенција и технологија.
Фрај веднаш бил пренесен во болница за да му биде укажана помош.
Според странските медиуми, тој се здобил со повреди на ребрата и ногата.
– Немаше за што да се држи во тој момент. Падна од два метри и изгледаше како веднаш да посинел. Поради повредата го ставија во инвалидска количка – изјави очевидецот.
Несреќата се случила минатиот четврток, но се уште нема нови информации за познатата ѕвезда, пишува Daily Mail.
– Бевме многу загрижени кога слушнавме за несреќата што се случи откако Стивен одржа говор за влијанието на вештачката интелигенција. Мислиме на него и му посакуваме брзо закрепнување. Покренавме истрага, дотогаш не сме во можност да соопштиме повеќе детали за овој случај – изјави портпаролот на настанот.