Црно-белата комбинација се смета за водечка комбинација бидејќи зрачи со едноставност, умереност и елеганција.
Познавачите на модата ќе ви кажат дека постои само една комбинација на бои која никогаш не излегува од мода, а тоа е црно-белата.
Имено, црно-белите комбинации на облека се класични, практични, безбедни, одлични се за различни пригоди и никогаш нема да погрешите доколку ги изберете.
Дека оваа комбинација на бои е секогаш во тренд сведочат и познатите дами кои на одличен и модерен начин носат црно-бели комбинации.
Без разлика дали се работи за јакните и бундите што ги носи латино дивата Џенифер Лопез или црно-бели фустани што ги носат кралицата Летиција, моделите Ирина Шајк и Каја Гербер, овие две бои се комбинираат за да создадат уникатен аутфит.
Исто така, манекенката Емили Ратајковски своевремено искомбинира бела ролка и здолниште со длабоки црни чизми и на тој начин го направи својот секојдневен аутфит впечатлив.