Познати првите детали за втората сезона на „House of the Dragon“

popara4 април, 20231min00
profimedia-0733077871-830x0

Претстојната сезона на „House of the Dragon“ ќе има осум епизоди, две помалку од првата серија на овој приквел на „Game of Thrones“. Бројот на епизоди е намален во согласност со долгорочниот план за целата серија, имајќи предвид дека HBO веќе е на пат да одобри трета сезона, пишува Deadline.

Оваа вест дојде заедно со информацијата дека снимањето на втората сезона започнало во Велика Британија и дека најверојатно ќе пристигне на стрим сервисот летото 2024 година.

Како што потврди портпаролот на HBO за Deadline, одлуката за намалување на бројот на епизоди била условена од развојот на самата приказна.

Со оглед на тоа што голем дел од приказната ќе треба да се одвива во втората сезона, вклучително и важни битки, можно е вкупниот број на серии да биде четири. Да потсетиме, водителот на шоуто Рајан Кондал и писателот Џорџ Р.Р. Мартин се уште официјално не се договориле дали „House of the Dragon“ ќе трае три или четири сезони.

Мартин претходно коментираше дека идеалната должина би била четири сезони од десет епизоди со цел верно да се прикаже приказната.

„House of the Dragon“ е сместена околу 170 години пред настаните на „Game of Thrones“ и ја следи династијата Таргариен во една од најкрвавите епизоди од нивната историја.

Првата сезона, емитувана минатото лето, беше огромен успех меѓу гледачите и критичарите, а особено беше пофалена неверојатната глума на Педи Консидин, кој го играше кралот Висерис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma