Се вели дека филмот е сместен во доцните седумдесетти години во Лос Анџелес, со женски лик во фокусот
Квентин Тарантино одамна изјави дека неговиот следен филм насловен „Филмски критичар“ ќе му биде и последен.
59-годишниот режисер моментално го склопува проектот и планира да започне со производство некаде оваа есен, ванедува „The Hollywood Reporter“.
Се вели дека дејството се одвива на крајот на 1970-тите во Лос Анџелес, со женски лик во фокусот, иако не се откриени дополнителни детали за заплетот.
Иако не е потврдено, постојат шпекулации дека приказната може да се фокусира на познатата филмска критичарка, есеистка и романсиерка Полин Каел, на која Тарантино долго и се восхитувал.
Всушност, втората книга на Тарантино објавена минатата година, „Cinema Speculation“, беше инспирирана од дело на Каел, која почина во 2001 година на 82-годишна возраст.
Извештајот на „THR“, исто така, шпекулира дека последниот филм на Тарантино може да се совпадне со краткиот ангажман на Каел како консултант за „Paramount Pictures“ во 1979-та година, прифаќајќи ја понудата од Ворен Бити.
Таа првпат била донесена да работи како консултант на филмот на Џејмс Тобак од 1982 година „Љубов и пари“, иако нејзиното време во студиото траело само неколку месеци пред да се врати да пишува филмски критики за „The New Yorker“.
Сепак, нема потврда дека „Филмски критичар“ бил инспириран или заснован на времето на Полин Каел како консултант во Парамаунт, иако се чини дека временската рамка на филмот и нејзиниот мандат во Парамаунт се совпаѓаат.
Како и со повеќето неодамнешни проекти на Тарантино, сè уште нема изградено студио, иако изворите тврдат дека проектот би можел да им биде достапен на купувачите оваа недела, пишува „Дејли мејл“.