Познат актер обвинет за грозоморни злосторства: Беше голема љубов на Кети Пери, а сега е обвинет за повеќекратни силувања

popara18 септември, 202311min00
Расел Бренд-Кети Пери

Дури пет девојки го обвинија познатиот уметник за емоционално малтретирање.Расел Бренд, познатиот комичар и поранешен сопруг на познатата пејачка Кети Пери,е обвинет за повеќекратни силувања и напади.

Жените кои го обвинија Расел Бренд за силување, напад и емоционално малтретирање зборуваа во специјална ТВ за наводните злосторства.

Во „Russell Brand: In Plain Sight“ на Channel 4 Dispatches, кој се емитуваше само неколку дена откако Дени Мастерсон беше осуден на долга затворска казна за слични злосторства,пет жени изнесоа гнасни обвинувања против Бренд.Сите пет жени избраа да останат анонимни и со комичарот ги споделија своите искуства за наводното злоставување низ кое поминале.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Russell Brand (@russellbrand)

– Ме фаќаше,долната облека,ми ја трга настрана“. Му велев да се симне од мене,а тој не сакаше.Ме држеше до ѕид,се туркаше во мене – рекла една жена.Друга жена тврди дека Бренд „ја грабнал и ја ставил на кревет“.

– Јас бев целосно облечена,а тој во тој момент беше гол.А тој ме држеше и само агресивно се обидуваше,знаете, жда има интимни односи со мене“, рече друга наводна жртва.

Третата наводна жртва изјавила дека познатиот актер „го турнал неговиот пенис во нејзиното грло до точка што таа не можела да дише“.- Само ме гушеше. Плачев, а тој рече:Сакав само да видам како ќе ти се отстрани маскарата – тврдела третата жена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Russell Brand (@russellbrand)

Тие потоа покажаа снимки од стенд-ап комичните шоуа на Бренд од 2006 година,каде што тој се пошегува дека видел женска маскара „малку трча“ за време на орален секс.Една од жените тврдела дека „никогаш, никогаш“ јавно не зборувала за инцидентот порано,бидејќи актерот изгледал „недопирлив“.Едно од наводните силувања се случило во домот на Бренд во Лос Анџелес – околу пет месеци откако тој и Кети Пери го финализираа разводот.

Ден пред емитувањето на филмот, „Sandej Tajms“ објави експозе за наводните инциденти,додека Бренд малку подоцна на својот Инстаграм ги демантираше тие тврдења.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Russell Brand (@russellbrand)

– Добив две крајно вознемирувачки писма,или писмо и „e-mail“,едно од телевизиска куќа на мејнстрим медиумски компании,едно од весник,во кои се наведуваат низа безобразни и агресивни напади.Среде овие зачудувачки,прилично барокни напади,има некои многу сериозни обвинувања кои јас апсолутно ги демантирам“, рече тој во видео пораката на Инстаграм.

Познатиот актер изјави и дека има многу „промискуитетно“ минато,но дека сите негови врски „биле апсолутно и секогаш консензуални“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag