Романскиот му одреди 30-дневен притвор контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт, пренесува BBC.
Тејт беше уапсен заедно со неговиот брат Тристан во четвртокот, како дел од истрагата за наводите за трговија со луѓе, силување и формирање организирана криминална група.
Според непотврдените информации кои кружат на социјалните мрежи, Тејт бил „издаден“ од кутија за пица во едно од неговите видеа. Тој пред неколку дена преку ја нападна познатата активистка Грета Тунберг на „Твитер“, а откако Грета потоа ефектно го исмеа, тој објави видео на кое дополнително ја навредува, што се покажа како кардинална грешка. Тејт, кого полицијата го бараше за сомнение дека учествувал во криминална група за трговија со луѓе и сексуална експлоатација на жени, во еден момент од видеото бара да му донесат пица, која е во кутија со ознаки на ланецот пицерии „Џери“ од Букурешт.
Обвинителите соопштија дека пронашле шест жени кои биле сексуално експлоатирани од осомничените. Тејт славата ја стекна преку социјалните мрежи најмногу поради говорот на омраза и бројните мизогински изјави. Меѓу другото, тој рече дека жените „се делумно одговорни за силувањето и дека им припаѓаат на мажите“ (затоа му беше забранет пристапот на Твитер, кој Илон Маск потоа го врати).
Тејт кратко време уживал во релативно успешна кик-бокс кариера и освоил неколку шампионски титули. Првпат стана познат надвор од спортот кога се појави на „Големиот брат“ во 2016 година во Велика Британија. Но, тогаш на интернет се појави видео на кое Тејт тепа жена со појас, па Ендру беше исфрлен од реалното шоу. Тејт тврдеше дека тепањето било дел од улогата на која се согласила жената од видеото.