Доколку сакате да имате богата трпеза за Велигден, тогаш можете да направите вкусен чоколаден колач во форма на јајце.
Состојки:
чоколадо
јајцевидно поголемо овошје (на пример диња)
150 гр крем сирење
1 лажичка екстракт од ванила
50 гр шеќер во прав
2 супени лажици сок од лимон
1 лажица желатин
50 мл вода
150 мл слатка павлака
2 лажици џем по желба
овошје за декорација
Подготовка:
Растопете го чоколадото, а дињата во облик на јајце завиткајте ја во проѕирна фолија. Потопете ја до половина во растопеното чоколадо, па оставете да се стегне.
Исечете ја проѕирната фолија, извадете ја дињата, а потоа и фолијата. Желатинот измешајте го со вода и оставете го да набабри. Во сад измешајте ги крем сирењето, ванилата, шеќерот во прав и сокот од лимон.
Соединете со миксер, па додајте го желатинот што сте го стопиле на пареа и слатката павлака. Изматете и истурете во чоколадното јајце. Израмнете и ставете во фрижидер да се стегне. Потоа на средината од филот направете мало дупче со лажица и истурете го џемот, па украсете со малини.
Пријатно!