Полн со витамин Ц: Направете серум од портокал кој ги спречува брчките

popara3 април, 20231min00
Screenshot_7

Лицето ќе блеска

 

Лесно се подготвува и употребува, а главната состојка е кора од портокал, која содржи витамин Ц, го стимулира колагенот и еластинот во кожата, што ја прави младешка, затегната и сјајна. Користењето на овој серум може да ви помогне да изгледате помладо и посвежо.

 

 

 

Излупете го портокалот и оставете го на сонце неколку часа да се исуши. Во еден сад ставете ја сувата кора, а потоа додадете 2 лажици розова вода, 1/2 лажица глицерин, исцедете 3 капсули витамин Е. Сè убаво измешајте, покријте со алуминиумска фолија и оставете да отстои на собна температура околу 6 часа.

 

Потоа истурете ја смесата во блендер и изматете сè. Добиената смеса процедете ја низ цедалка и ќе добиете серум. Домашниот серум сипете го во шише со капалка и секојдневно нанесувајте на кожата. Кога нежно ќе го втриете на лицето, нанесете ја кремата која обично ја користите над него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma